Уапсен бизнисменот Ацо Ѓукановиќ – брат на поранешниот претседател на Црна Гора

8

Бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, е уапсен откако полицијата при претрес на неговата семејна куќа во никшиќката населба Растоци пронашла оружје и полициска опрема. Акцијата е спроведена по налог на Основното државно обвинителство.

Пронајдени пушки, панцир и полициска опрема

Според неофицијални информации, на Ѓукановиќ му биле ставени лисици откако при полицискиот претрес биле пронајдени три пушки, полициска опрема и панцир. Претресите на неговиот имот траеле со часови.

Акцијата се спроведувала паралелно во два града – Подгорица и Никшиќ. Претходно, полицијата ја опколила зградата во центарот на Подгорица каде што живее Ѓукановиќ.

Се очекува официјално соопштение

Акцијата е извршена по налог на Основното државно обвинителство, а официјално соопштение од надлежните институции со детали за основот на апсењето и евентуалните обвиненија се очекува дополнително.

Ацо Ѓукановиќ е познат црногорски бизнисмен и брат на Мило Ѓукановиќ, кој беше долгогодишен претседател и премиер на Црна Гора.

Македонски