Тетово блокирано, албанскиот претседател пречекан со шпалир од основци

16

Општина Тетово и СВР Тетово информираат дека во градот ќе важат привремени безбедносни мерки и забрана за паркирање на следните локации:

  • Булевар „Маршал Тито” – од почетокот до кружниот тек кај пазарот
  • Булевар „Благоја Тоска” – од кружниот тек до зградата на Општината
  • Улица „ЈНА” („Дервиш Цара”) – во целост, до семафорите
  • Улица „Илинденска” – од Основен суд до Универзитетот на Југоисточна Европа
  • Улица „Киро Ристоски-Дрнц” – до Арабати Баба Теќе
  • Улица „Вон Вардарска” и улица „172″

Од Општината предупредуваат дека возилата паркирани спротивно на известувањето ќе бидат принудно отстранети.

Посебен режим и во Гостивар

Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при СВР Тетово исто така презема мерки за посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот.

Дебар: Ограничувања од 12 до 19 часот

Албанскиот претседател, по посетата на Тетово и Гостивар, престојот ќе го заокружи со посета на Дебар во попладневните часови, од каде преку граничниот премин Блато ќе замине за Албанија.

Посебниот сообраќаен режим во Дебар е во сила од 12 до 19 часот и опфаќа повремено затворање на:

  • Регионален пат Р-1202 – од Бошков мост до Дебар
  • Улица „Елена Ѓика” – од АД „Кнауф” до кружен тек „Енѓи”
  • Улици „Иса Болетини” и „Јусуф Грвала”
  • Регионален пат Р-1201 до улиците „Мојси Големи”, „Амди Леши” и „Јосиф Багери”
  • Регионален пат Р-1202 – Дебар до граничен премин Блато

„Апелираме до граѓаните да се придржуваат до насоките на полициските службеници и да бидат исклучиви во користењето на своите моторни возила во овој временски период”, порача Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Агенда на Бегај за денеска

Согласно програмата, претседателот Бегај денеска ќе ја посети Општина Тетово, ООУ „Лирија”, Шарената џамија и Арабати Баба Теќе. Потоа следува посета на Гостивар, а престојот завршува со средба со градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, без предвидени изјави за медиумите.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера со државни и воени почести го пречека Бегај на почетокот на официјалната посета.

Македонски