Тензии и недоразбирања пред вчерашната седницата на Советот: Навивачите на ФК „Победа“ упатени кај градоначалникот по вербалниот судир со претседателката
Пред почетокот на вчерашната седница на Советот на Општина Прилеп, се случил инцидент помеѓу претседателката на Советот и група поддржувачи и навивачи на фудбалскиот клуб „Победа“.
Според достапните информации и видео-материјалите кои кружат во јавноста, групата се обидела да оствари комуникација со претседателката на Советот пред самата седница. Меѓутоа, средбата резултирала со отстранување од салата на Советот и насочување на навивачите кон кабинетот на градоначалникот, при што претседателката одбила да ги сослуша нивните барања во тој момент, упатувајќи ги на адреса на извршната власт.
Според членот 2 од деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп сите седници на Советот се јавни односно Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста под услови утврдени со Статутот и Деловникот за работа.
Ситуацијата, која на моменти наликувала на вербален конфликт, била смирена по интервенцијата на градоначалникот. Според очевидци, по средбата со првиот човек на општината, тензиите спласнале и бил најден начин за комуникација со навивачката група која бара решенија за состојбите во клубот.