Левица: Обвинителството раководено од ДПМНЕ ги дава првите резултати на политичкиот пазар
Дополнително, велат од Левица, загрижува фактот што јавноста доби две спротивни објаснувања во краток временски рок. Првин беше соопштено дека нема поплаки за небезбедност и дека во притворот се гарантираат условите како за секој друг притвореник. Потоа Обвинителството се повика на „индиции“ за загрозена безбедност како основ за замена на мерката со куќен притвор повикувајќи се и на наводна загрозеност на безбедноста на семејството.