ССМ повикуваат на блокада пред собранието утре во 9 часот

1

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на социјалните мрежи објави повик за блокада на пратениците пред Собранието.

„Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот.

Протестот и блокадите ќе се одржат пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .

„Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати. За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).“ стои во соопштението од ССМ.

„Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати. Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за раборниците е срамно. Истите пратеници кои уживаат право на собраниско бифе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.“ напиша Трендафилов.

Во соопшетението стои дека пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку блокадата ќе се оневозможат тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците.

За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине“, вели Трендафилов. објави Скопје1.мк

Македонски