Густа магла и намалена видливост на патот кон Попова Шапка и превој Стража
Намалена видливост поради густа магла е регистрирана на патниот правец Гајре – Попова Шапка, каде што видливоста се движи меѓу 20 и 25 метри, како и на планинскиот превој Стража, со видливост од 50 до 70 метри.
Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека на делници што минуваат низ усеци и клисури е можно појава на помали одрони, кои се отстрануваат континуирано.
Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, доследно почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината согласно условите на патот, особено на високопланинските делови каде маглата е најгуста.