Раководството на СДСМ поднесе колективна оставка: Најавени реформи и „нова енергија“ во партијата

9

Раководството на СДСМ, заедно со сите членови на Извршниот одбор, поднесе оставки на денешната седница, соопштија од партијата. Оставките се поднесени на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, кој го води процесот на внатрепартиски реформи.

Оставки поднеле заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор. Дел од образложението е дека со овој, како што велат, „одговорен и морален чекор“, се отвора простор за започнување ново поглавје во функционирањето на СДСМ.

Од партијата најавуваат период на кадровско освежување, зајакнување на организациската структура и вклучување нови лица, како дел од планот за создавање „нова сила и нова енергија“ во партијата.

Претседателот Филипче, на една од претстојните седници на Централниот одбор, ќе ги предложи новите членови на партиските органи. Како што велат од СДСМ, за функциите ќе бидат избрани „најкомпетентните личности“.

Makedonski