Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Атанасовска поднесе оставка

70

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка од функцијата, соопшти Собранието. Во образложението до законодавниот дом таа навела дека причините се лични и произлегуваат од семејни промени што настанале во втората половина од годината.

„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд во изминатиов период за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам задачата посветено и максимално професионално“, навела Дабовиќ. „Но, поради настанатите непредвидени околности, сметам дека нема да можам да работам на предметите со целосен капацитет, особено бидејќи дел од нив не се од мојата потесна професионална област во која се усовршував 40 години.“

Дабовиќ Анастасовска го информирала Собранието дека од 1 јануари ќе се врати на својата професорска позиција на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Досега нема информација дали и кога Собранието ќе започне постапка за избор на нејзин наследник во Уставниот суд.

Makedonski