Привремени прекини во водоснабдувањето утре во повеќе скопски населби

18

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре (30 ноември 2025) ќе има привремени прекини во водоснабдувањето во два поголеми реони на градот, поради дефект и технички зафати на мрежата.

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 мм на улица Бутелска бб, во близина на сервис „Топал“, без вода ќе останат жителите на следните улици: Бутелска, Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Калински, како и краковите на улицата Бутелска – од крак 1 до 35 и од крак 2 до 14. Прекинот ќе започне во 11:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

Дополнително, поради технички интервенции на булеварот Александар Македонски бб, водоснабдувањето ќе биде прекинато или со намален притисок во следните реони:

  • бул. Александар Македонски

  • дел од ул. 808

  • дел од бул. Киро Глигоров

  • Населба Автокоманда (ниска зона) – намален притисок

  • Триангла – намален притисок

  • Населба Хиподром – намален притисок

  • ул. Перо Наков кај Кванташки пазар – намален притисок

  • Населба М.А. Ченто – прекин на водоснабдување

  • ул. Маџари – прекин на водоснабдување

  • ул. Палмиро Тољати – прекин на водоснабдување

  • с. Сингелиќ – прекин на водоснабдување

Овие прекини ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до завршување на техничките активности.

Од претпријатието апелираат граѓаните навремено да се подготват и да обезбедат резерви од вода за пиење и домаќинство.

Makedonski