ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека на 26 ноември 2025 година спровело вонреден мониторинг на квалитетот на водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, по пријава доставена од училиштето.
Екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци вода од две локации – училница и кујна. Два примероци биле анализирани физичко-хемиски, а два микробиолошки.
Според добиените резултати, сите примероци целосно ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр. 183/18). Од претпријатието уверуваат дека водата во училиштето е санитарно исправна и безбедна за употреба.