Две малолетнички од Штип исчезнати – полицијата трага по девојчињата и апелира за помош од јавноста
На 26 ноември 2025 година, околу 22 часот, во СВР Штип било пријавено исчезнување на две малолетнички од градот. Родителите С.М. (39) и Ѓ.М. (31) пријавиле дека нивните ќерки, 15-годишната Ѓ.М. и 13-годишната Б.М., се оддалечиле од семејниот дом и не се вратиле.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека веднаш по пријавата се активирани сите мерки и процедури за нивно пронаоѓање, а за случајот се известени надлежните служби на територијата на целата држава.
Полицијата упатува апел до граѓаните: доколку некој располага со информации што може да помогнат во потрагата, да го извести најблиското полициско одделение или да се јави на бројот 192.