Пораст на бројот на новородени, но и понатаму негативен природен прираст во третото тримесечје од 2025 година
Во третото тримесечје од 2025 година во земјава се родиле 4.431 бебе, што претставува зголемување од 3,7 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Истовремено, бројот на починати лица е намален за 0,5 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849. Меѓу нив, регистрирани се и 20 починати доенчиња.
И покрај порастот на живородените и благото намалување на смртноста, природниот прираст останува негативен. Разликата меѓу бројот на родени и починати изнесува -418, што значи дека популацијата се намалила за толку лица во овој период.