Сијарто: Единствен приоритет на Унгарија е интеграцијата на Западен Балкан, а не Украина

14

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, за време на посетата на Бања Лука повтори дека Владата на Виктор Орбан се спротивставува на приближувањето на Украина кон Европската унија. Тој истакна дека единствениот приоритет на Унгарија во регионот е интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

„Европските интеграции звучат како лоша шега ако во Брисел сметаат дека Украина е поспремна за членство од Западен Балкан. Земјите од регионот се подготвени и би придонеле економски, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, изјави Сијарто.

Тој додаде дека стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење за националната безбедност на Унгарија и најави продолжување на соработката со Република Српска.

Планираното слетување на Сијарто во Бања Лука со воен авион беше забрането од министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, кој го обвини унгарското раководство за поддршка на политиката на Милорад Додик, која според него ја доведува во прашање стабилноста на БиХ. Поради забраната, Сијарто пристигна со изнајмен цивилен авион.

Македонски