Се подготвува ли терен за враќање на Никола Груевски во Македонија?

19

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, на денешната собраниска седница го праша министерот за правда, Игор Филков, дали Владата и структури во ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за можно враќање и амнестија на поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Во јавноста и во политичките кругови интензивно се говори дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски и негова амнестија. Се тврди дека се работи тивко, под радар, со поддршка од лица на високи функции. Дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за екстрадиција на Груевски?“, праша Талевски.

Министерот Филков остро реагираше на овие тврдења, нарекувајќи ги „шарлатански пристап“.

„Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Министерството за правда ги бара сите бегалци, а вие зборувавте за политички азиланти, ако добро ве следев. Секогаш кога ќе се создадат услови, повторно ќе ги бараме нашите граѓани. Во меѓувреме, одговорете каде се оние други со кои што вие, како што велите, сте договарале бегства“, возврати Филков.

Makedonski