Обрушување на земјиште на Водно го вклучи алармот во ЦУК

7

По иницијатива на Општина Центар, денес во Центарот за управување со кризи се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот беше свикан поради појавено обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партение Зографски“.

Надлежните служби на состанокот ја анализираа моменталната состојба на терен, потенцијалните ризици за околните објекти и итноста од преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е координирано делување на сите институции, засилен надзор на локацијата и подготовка на ургентен план за спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.

Заклучоците од состанокот ќе бидат доставени до Владата на Република Северна Македонија за понатамошно постапување.

Makedonski