Одрон го блокира патот Ресен – ГП Стење, сообраќајот во прекин од утрово
Утрово, на 25 ноември 2025 година, од 07:55 часот, поради одрон на делницата меѓу селата Царев Двор и Отешево, целосно е прекинат сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
Надлежните служби апелираат до граѓаните да избегнуваат движење по оваа траса додека трае расчистувањето. Во тек се активности за отстранување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Институциите најавуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите промени.