Полицијата врши претреси во Скопје и Куманово поради сомнежи за злоупотреба на службена положба
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други градови низ земјата.
Акцијата е во тек поради постоење основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена должност“, потврдуваат од Обвинителството.
Од таму додаваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на оперативните активности.