Приведен 25-годишник од Русиново осомничен за напад врз малолетник

6

Во текот на вчерашниот ден, околу 08:15 часот, полициски службеници во селото Русиново, беровско, го привеле Ј.К. (25) од истото село.

Според пријавата, осомничениот по претходна расправија во викенд-куќа во Русиново нападнал малолетник од Македонска Каменица, употребувајќи стаклен предмет и нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонски