Русија и Кина најавуваат над 80 заеднички инвестиции вредни 200 милијарди долари

6

Русија и Кина се подготвуваат да започнат повеќе од 80 заеднички инвестициски проекти со вкупна вредност од околу 200 милијарди долари, изјави Борис Титов, специјален претставник на рускиот претседател за меѓународни организации и копретседател на Руско-кинескиот комитет за пријателство, мир и развој.

Титов посочи дека руската влада веќе воведува даночни стимулации за кинеските партнери со цел да ги охрабри да преминат од модел на „директен увоз“ кон отворање и локализирање на производството во Русија. Како успешни примери ги наведе проектите во автомобилската индустрија – Хавал, Москвич и планираниот нов модел Волга.

Тој откри дека до 2025 година кинеските компании ќе регистрираат околу 13.000 фирми во Русија, број што, како што истакна, „значително го надминува присуството на западните компании“ на рускиот пазар.

Во кинескиот град Сиан, во провинцијата Шанкси, денес и утре се одржува Шестиот руско-кинески претприемачки форум, посветен на зајакнување на економската соработка и развојот на малите и средните претпријатија меѓу двете земји.

Македонски