Исплата на повратот од „Мој ДДВ“ до крајот на месецот
Граѓаните кои ги скенираат своите фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ ќе го добијат повратот на данокот на додадена вредност на нивните трансакциски сметки најдоцна до крајот на овој месец.
Од Министерството за финансии информираат дека станува збор за средствата остварени од скенираните сметки во периодот јули–септември, кои согласно законската процедура се исплаќаат 60 дена по завршување на кварталот.
Институцијата посочува дека најчеста причина за доцнење на исплатите е неточно внесена или неажурирана трансакциска сметка во системот на Управата за јавни приходи, поради што граѓаните се повикуваат да ги проверат своите податоци.