Судијата Ивица Стефановски ја изготви пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

16

Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, судијата Ивица Стефановски го финализираше и достави целосниот текст на пресудата до бранителите на осудените лица. Одбраната веќе најави поднесување жалба до Апелациониот суд, со барање да се закаже јавна седница.

Во овој случај, Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кон крајот на јуни беа осудени на доживотен затвор. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на својата ќерка, беше ослободен од вина.

Македонски