Обилните врнежи предизвикаа излевања на реки, поплави и одрони – најкритично во Битолскиот и Охридскиот регион

7

Поради интензивните врнежи од дожд во последните 24 часа, на повеќе локации низ државата е забележано значително покачување на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и појава на одрони, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Битолски регион:
– Реката Шемница се излеала кај селото Лера, поплавувајќи една куќа и неколку штали.
– Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.

Преспански регион:
– Излевање на реки во селата Царев Двор и Дрмени, со поплавени повеќе домаќинства.
– Постојан ризик од излевање на Голема Река.

Струмички регион:
– Нема пријавени штети, но има повеќе одрони на патниот правец Струмица–Валандово.

Скопски регион:
– Нивото на реките е покачено, но засега нема излевања.

Велешки регион:
– Одрони и паднато дрво блокирале два патни правци.
– Вардар е со исклучително висок водостој и постои опасност од излевање кај автобуската станица.

Штипски регион:
– Нема пријавени проблеми.

Охридски регион:
– Значително зголемени водостоите, со излевања на повеќе локации и ризик за поплавување на објекти.
– Активирани екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.

Кумановски регион:
– Нема излевања, но се расчистуваат наноси кај селото Коинце.

Кратовски регион:
– Зголемени водостоји без штети.
– Исчистен е одрон на патот Страцин–Пробиштип.

Тетовски регион:
– Водостоите се покачени, но без поплави и штети.


Прогноза од УХМР

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат променливо облачно време со локални обилни врнежи, грмежи и силен јужен ветер со брзина над 60 km/h. Максималните температури ќе се движат од 13 до 19 степени, а во Скопје до 17°C.

Најмногу дожд е измерен во:
– Претор – 66 l/m²
– Крушево – 37 l/m²
– Битола – 30 l/m²
– Прилеп – 26 l/m²

Особено е загрижувачки висок водостојот на реката Сатеска во Охридскиот регион.


Апел до граѓаните

ЦУК ги повикува граѓаните да избегнуваат движење покрај реки, мостови и поплавени терени, да ги следат упатствата на службите и да пријават секоја опасност на бројот 112.

Македонски