Девојка од Србија пријавила таксист во Скопје за недолично допирање и бакнување
18-годишна државјанка на Србија, со привремен престој во Скопје, пријавила во полиција дека била жртва на недолично однесување од такси возач на подрачјето на Гази Баба.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот бил пријавен синоќа околу 21:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил истиот ден околу 15:15 часот, кога девојката се возела во такси возило, а возачот започнал недозволено да ја допира по телото и во еден момент ја бакнал.
Од МВР додаваат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.