Лекарка тешко повредена во инцидент со медицинско возило во центарот на Скопје, пациентот починал во болница
На 19 ноември 2025 година, околу 12:01 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото на настанот.
Во инцидентот тешки телесни повреди добила 26-годишната А.М. од Скопје, лекар од здравствената установа, а со полесни телесни повреди се здобила и нејзината колешка А.Р. (41). Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Во медицинското возило се превезувал и 89-годишниот Ј.Т. од Скопје, кој имал претходни здравствени проблеми. По пристигнувањето во болницата, лекарите констатирале смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Од СВР Скопје информираат дека извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за пронаоѓање на возилото што го напуштило местото на инцидентот.