Судир на два воза во Чешка – 45 повредени, пет со тешки повреди

2

Во тешка железничка несреќа што утрово се случи во јужниот дел на Чешка, повредени се 45 лица, од кои пет се во потешка состојба, соопштија локалните власти.

Портпаролката на болницата во Чешке Будејовице потврди дека петмина повредени патници се примени на болничко лекување со сериозни повреди.

Несреќата се случила на пругата Чешке Будејовице – Плзен, при судир меѓу брз и патнички воз. Причините сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај на овој дел од линијата е целосно запрен. На терен интервенираат осум спасувачки екипи.

Генералниот инспектор на Железничката инспекција, Јан Кучер, изјави дека делницата каде што се случил судирот не е опремена со современ безбедносен систем.

Според чешките медиуми, првичните информации укажуваат дека еден од возовите можеби го игнорирал црвеното сигнално светло, но истрагата допрва треба да ја потврди точната причина за несреќата.

Makedonski