Мицкоски: Владата е незадоволна од работата на Судскиот совет и од актуелниот обвинител
Во интервју за телевизија „Телма“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема доверба во актуелниот состав на Судскиот совет, како и во работата на државниот обвинител.
„Како Влада не сме задоволни од работата на овој Судски совет и од актуелниот обвинител, и тоа е наше легитимно право,“ истакна Мицкоски.
На новинарско прашање зошто постапката околу обвинителот беше прекината, премиерот објасни дека причината била периодот на избори.
„Имаше избори. Сега, кога веќе нема избори, можно е постапката да продолжи. Помина година и половина од изборот на обвинителот, кој беше именуван од претходното парламентарно мнозинство, не од оваа Влада. Сакавме да му дадеме шанса да покаже дека е борец за правда,“ додаде тој.
Мицкоски најави дека по завршување на започнатата процедура ќе следува смена на државниот обвинител.