Ограбено возило со два милиони евра државни средства кај Рашка, пронајдено во близина на Нови Пазар
Возило за транспорт на пари, во кое се наоѓале околу два милиони евра државни средства, вчера попладне било ограбено во близина на Рашка, пренесуваат белградските медиуми. Возилото подоцна било пронајдено во реонот на Нови Пазар.
Според првичните информации, група маскирани и вооружени напаѓачи го пресретнала транспортното возило, насилно го презела и побегнала во непознат правец. За време на инцидентот нема повредени лица.
Неофицијални извори наведуваат дека во возилото имало околу 2 милиони евра, додека од српското Министерство за внатрешни работи засега нема официјално соопштение за случајот. Полицијата работи на идентификација и лоцирање на сторителите.