Од утре повисоки цени на горивата
Од утре следува благо зголемување на цените на горивата, со просечен раст од 0,23%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,5 денари по литар.
Според новите цени што ќе важат од полноќ, горивата ќе се продаваат по следните цени:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 ден/л
-
ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 ден/л
-
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 72,50 ден/л
Со ова усогласување продолжува трендот на корекции на цените согласно движењата на светските пазари и методологијата на Регулаторната комисија за енергетика.