Тешка сообраќајна несреќа на „Борис Трајковски“ – загинат возач на „фолксваген голф“, повредени четири лица
На 15 ноември 2025 година, околу 23:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила: „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х. (56) од Скопје, и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.П. (28) од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на „Фолксваген Голф“-от, С.Х., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Повредени се и неговите сопатници – Н.Х. (52) и М.Р.А. (24), двајцата од Скопје, како и Ф.М. (28) од Косово – како и возачот на „БМВ“-то. Тие се пренесени и задржани на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.