Се урна спортски авион во Суботица, еден загинат, а друг тешко повреден

9

Во близина на Суботица вечерва, се урнал спортски авион тип „пајпер“. Директорот на Центарот за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и водниот сообраќај, Небојша Петровиќ, изјави за агенцијата „Бета“ дека поради „лошото време и маглата“ увидот ќе биде извршен дури во сабота.

Петровиќ потврди дека претставници на центарот се во постојана комуникација со суботичката полиција, која го обезбедува местото на несреќата.
„Поради лошите временски услови и маглата во околината на Суботица, нашата екипа ќе може да излезе на терен рано утре наутро“, изјави тој.

Несреќата се случила во близина на аеродромот Биково. Еден од членовите на екипажот загинал на самото место, а другиот е повреден и пренесен во локалната болница.
На местото веднаш интервенирале полициски и противпожарни екипи.

Агенцијата Бета претходно потврди дека спортскиот авион паднал околу 16:55 часот, при што еден маж загинал, а другиот е хоспитализиран. Здравствената установа во Суботица не откри детали за состојбата на повредениот.

Авионот се урнал недалеку од аеродромот Биково и, според медиумите, превезувал две лица. Полицискиот увид е во тек, а за сега нема дополнителни информации за причините за несреќата.

Македонски