Кренар Лога се повлекува од партискиот живот и од сите функции во Алијансата за Албанците

12

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.

Тој наведе дека одлуката ја донел по подолг период на анализа и лична рефлексија.

„Ова не е лесна одлука, затоа што во овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа. Имав чест да соработувам со посветени и искрени луѓе. Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено се извинувам“, напиша Лога.

Во објавата потсети на своето десетгодишно политичко искуство во кое бил генерален секретар и потпретседател на партијата, изразувајќи благодарност до членовите, активистите и гласачите.

Тој се осврна и на своето семејно и патриотско наследство, нагласувајќи дека растел во средина која се спротивставувала на поранешниот југословенски режим.

Лога оцени дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите граѓани, а за тоа – како што вели – потребни се храброст, мудрост и заедничка работа на сите заедници.

На крајот, порачува дека ќе остане меѓу луѓето, но отсега на „послободен и независен пат“ – како солист кој ќе продолжи да делува со слободен дух и љубов кон граѓаните.

Makedonski