Падна авион „Ер Трактор“ во Хрватска – загина 45-годишниот пилот Хасан Бахар
Авион „Ер Трактор“ вчера се урна во близина на Сењ, на повратен лет меѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.
Во несреќата животот го загуби 45-годишниот пилот Хасан Бахар, кој на 29 август годинава преживеа пад на противпожарен авион во округот Јатаган во Мугла, во северозападна Турција, пренесе Индекс.
Службите добиле пријава дека авионот исчезнал од радарот во 16:53 часот, а веќе во 17:11 часот бил доставен извештај за падот и избувнатиот пожар. Спасувачките екипи веднаш излегле на терен, а пожарот бил локализиран околу 18 часот. На местото на несреќата било пронајдено јагленисаното тело на пилотот.