Трамп го потпиша буџетот и стави крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД
Со потписот на американскиот претседател Доналд Трамп, официјално заврши најдолгото затворање на федералната влада во историјата на САД, кое траеше 43 дена.
Трамп го потпиша клучниот буџетски закон само неколку часа откако беше усвоен од Претставничкиот дом, а претходно и од Сенатот. Законот овозможува повторно финансирање на државните институции и враќање на работа на федералните вработени и службите од суштинско значење.
Иако Републиканците имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, голем број демократи се придружија при гласањето за законот, со што беше постигнат компромис за надминување на кризата.
Оваа блокада на владата е најдолгата забележана во историјата на САД, надминувајќи го претходниот рекорд од 35 дена — кој исто така се случи за време на првиот мандат на Трамп во 2019 година.