Скопје го чествува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот

4

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски, како и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Во вечерните часови, традиционално ќе се одржи свечена церемонија во Македонската опера и балет, на која Градот Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација, означувајќи еден од најзначајните датуми во поновата историја на македонскиот народ.

Makedonski