МВР со известување: Во петок наутро ќе се уништуваат гранати во Полицискиот центар Ѓорче Петров

9

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 14 ноември 2025 (петок) во 07:00 часот, во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров (Скопје), ќе се изврши уништување на гранати за кои, според стручна анализа, е утврдено дека не можат да се транспортираат надвор од полицискиот центар.

Гранатите ќе бидат уништени согласно сите предвидени безбедносни стандарди и протоколи, со цел да се обезбеди заштита на лица и имот.

За дополнителни информации или безбедносни упатства за граѓаните, МВР ќе објави дополнително известување доколку е потребно.

Makedonski