Во сабота „маршот на ангелите“ во Скопје — сеќавање на 63 млади животи згаснати во кочански „Пулс“

4

Во сабота, 15 ноември 2025 година, во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Маршот, кој го организираат семејствата на загинатите, ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, а учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје.

„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка,“ порачаа семејствата на жртвите.

Инаку, во среда, 19 ноември, треба да започне судскиот процес за несреќата во „Пулс“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со јасно утврден план за координација за да се избегнат одложувања.

Според обвинението, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Makedonski