Најстудено утрово во Маврови Анови и Лазарополе, денес променливо облачно со сончеви периоди
Утрово најниски температури се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, каде живата во термометрите се спушти до 5 степени Целзиусови. Во Крушево температурата изнесуваше 6 степени, додека 8 степени се измерени во Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница и Берово. Во Тетово, Куманово и Охрид се забележани 9 степени, а 10 степени во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица и Гевгелија. Најтопло утрово било во Скопје – Петровец, Велес и Демир Капија со 11 степени.
Најмногу врнежи се регистрирани во Крива Паланка, каде наврнале 9 литри дожд на квадратен метар. Во Берово, Крушево, Кавадарци и Лазарополе се измерени по 7 литри, додека во Прилеп, Штип и Виница по 6 литри. По 5 литри дожд наврнале во Претор, Битола и Маврови Анови, а 4 литри се забележани во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Пожаране, Попова Шапка и Радовиш. Помали количини дожд, од 1 до 2 литри, се регистрирани во останатите места низ земјата.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 12 и 18 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.