Ленче Николовска: Луѓе, баталете го ѓубрето во Скопје — имаме многу поголем проблем! Од вчера, 100 милиони евра од ИПАРД за земјоделците се под знак прашалник.
Поранешната пратеничка Ленче Николовска предупредува дека голема е веројатноста 100 милиони евра средства за земјоделците преку ИПАРД фондот да бидат стопирани.
Луѓе, баталете ѓубрето во Скопје, од вчера 100 милиони евра од ИПАРД за земјоделците се под знак прашалник.Каква катастрофа, каков пораз за сите што учествувавме во развивањето и успешноста на Платежната агенција до сега. Најголем пораз и нервози за оние што ги инвестираа парите (милиони евра се во прашање) постои ризик да бидат стопирани сите исплати. Какво разочарување за сите што планираа да инвестираат и да се развиваат рачунајќи на оваа помош, а се’ во интерес на вкупниот рурален развој.Има ли крај на личните интереси, корупција и ненаситност ќе кажам, на луѓе на позиции. Срамота!