ФАА им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови поради затворањето на Владата на САД
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) издаде наредба до авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти на 40 главни американски аеродроми, почнувајќи од денеска во 6:00 часот наутро по источно време.
Ограничувањето е воведено поради загриженост за безбедноста на воздушниот сообраќај предизвикана од затворањето на Владата на САД, што влијае на бројот на контролори и технички персонал.
ФАА најави дека до понеделник ќе бара намалување на летовите за четири проценти, а од 14 ноември ќе се воведе ново ограничување од десет проценти.
Дополнително, агенцијата најави и ограничувања за лансирања во вселената, но меѓународните летови нема да бидат засегнати.