Општина Центар додели стипендии на 82 талентирани ученици

3

Општина Центар денеска им додели стипендии на 82 ученици кои постигнале високи резултати во науката, техниката и културата. Стипендиите лично ги врачи градоначалникот Горан Герасимовски, кој изрази голема гордост и поддршка за младите таленти од општината.

„Тоа е ретка прилика да ги видиме младите уметници и таленти на дело, секој со својот автентичен израз и посветеност. Вистинско задоволство за душата“, изјави Герасимовски.

Секој од наградените ученици ќе добива месечна стипендија од 3.500 денари, која ќе се исплаќа до крајот на учебната година. Со оваа мерка, Општина Центар има за цел да ја поттикне креативноста, упорноста и љубовта кон знаењето кај младите, како и да обезбеди поддршка за нивниот понатамошен развој.

Makedonski