Зохран Мамдани – нов градоначалник на Њујорк: Ќе ставам крај на културата на корупција

4

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, најави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која, според него, профитираат милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп.

Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија победи во трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива, кој беше поддржан од Трамп.

„Ќе ставам крај на културата на корупција што им овозможи на милијардерите како Трамп да избегнуваат даноци и да користат даночни олеснувања,“ изјави Мамдани во своето победничко обраќање.

Тој нагласи дека жителите на Њујорк „гласале за мандат за промени и нов вид политика“:

„Њујорк, денеска гласавте за мандат за промени, мандат што можеме да си го дозволиме, мандат за управување – токму она што го сакаме.“

Мамдани порача дека неговата администрација ќе биде влада на луѓето:

„Покажавте дека кога политиката ви зборува без компромис, можеме да започнеме нова ера на лидерство. Ќе се бориме за вас, затоа што ‘ние’ сте вие.“

„Благодарение на сите што жртвуваа за оваа визија, денес го дишеме воздухот на град што се преродува,“ додаде новиот градоначалник.

Makedonski