Страшна трагедија во Тузла: Девет загинати во пожар во дом за стари лица

4

Вечерва Тузла ја потресе катастрофален пожар во дом за пензионери, во кој, според првичните информации, загинале најмалку девет лица, јавува „Аваз“.

Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека сите расположиви екипи се испратени на терен, а пожарникарите сè уште се борат со огнените пламени. Пожарот бил пријавен околу 22 часот, потврдија од Полициската управа.

Според последните информации, пет лица се пренесени во болница, а возила на итната медицинска помош постојано пристигнуваат на местото на несреќата.

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е позната, а од МВР апелираат до граѓаните да не се приближуваат до зградата и да им овозможат непречено движење на спасувачките екипи.

Makedonski