Тешка сообраќајна несреќа кај Радобил: Две лица загинаа, петмина повредени

7

Две лица го загубија животот, а уште пет се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево, околу 17 часот, се случила на патниот правец А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале две патнички возила. Тројца од повредените се пренесени во Болницата во Прилеп, а уште двајца во Болницата во Кавадарци, додека лекар констатирал смрт кај две лица.

Поради увидот на местото на несреќата, сообраќајот на овој дел од патот од 18 часот се одвива по една коловозна лента, со наизменично пропуштање на возилата.

„Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот,“ соопштија од МВР.

Makedonski