Делови од Петровец, Сопиште и Гази Баба денес без струја

4

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците во дел од с.Долно Соње во Општина Сопиште, а од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари во Општина Петровец, информира РЦУК – Скопје.

Струја од 08.30 до 11.30 часот, ќе немаат корисниците од с. Чифлик во Општина Сопиште, од 08.30 до 11.30 часот корисниците од с. Катлановска Сушица во Општина Петровец, а од 09.00 до 12.00 часот корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром, Општина Гази Баба.

Makedonski