Променливо време со врнежи и засилен северен ветер – стабилизација од среда

7

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека под влијание на влажна воздушна маса, од денеска попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со можност за ретки грмежи.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, а дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Во среда и четврток времето ќе биде претежно стабилно, додека од петок и за време на викендот повторно се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје, кон крајот на денот се прогнозираат пообилни врнежи, а во текот на ноќта и утрешниот ден ќе дува засилен северен ветер.

Македонски