Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје

4

Кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е избран за нов градоначалник на главниот град, победувајќи го противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, со освоени над 95.000 гласови.

Ѓорѓиевски, кој досега беше на чело на Општина Кисела Вода, доби поддршка во сите скопски општини, освен во Центар, каде што Мециновиќ имаше предност од околу 850 гласови.

По објавата на резултатите, Ѓорѓиевски ја прослави победата под Триумфалната порта, најавувајќи дека неговиот мандат ќе биде „време на работа и дела, а не на изговори“.

👉 Тој најави дека чистењето на Скопје ќе започне уште оваа недела, повторувајќи го ветувањето од кампањата дека градот ќе биде „исчистен за 72 часа“.

„Ќе се борам против небрежноста, хаосот и рамнодушноста што му беа оставени на овој град. Нашата борба само што почнува“, порача Ѓорѓиевски.

Makedonski