Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните од 27 април

10

Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, почина во затворот во Штип, потврди директорот на Казнено-поправниот дом, Дејан Здравков.

Здравков изјави дека засега не може да сподели повеќе детали, бидејќи институцијата очекува насоки од Основното јавно обвинителство.

Ѓорѓиевски беше осуден на 13 години затвор за својата улога во настаните од 27 април, познати како „Крвавиот четврток“.

Makedonski