„Српската мајка“ го сруши митот за себе во Македонија – Цеца ја поздрави публиката во Велес со бугарско знаме
Колективен шок доживеа македонската публика на синоќешниот концерт на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес откако ја поздрави публиката со големо бугарско знаме.
Одеднаш публиката со свирежи и негодување ја „исфрли“ Цеца од бината и покрај обидите од страна на бендот да ја објасни и смири ситуацијата.
Ваквиот скандал ја дигна македонската публика на нозе па видеата од синоќешниот скандалозен настап ги „изгори“ социјалните мрежи.
Не е прв пат во Велес да се случуваат вакви скандалозни настапи, се сеќаваат луѓето и на настапи на српскиот рок изведувач, сега покојниот Бора Ѓорѓевиќ – Чорба кога токму пред велешката публика ги поздрави своите македонски фанови поздравувајќи ја „Јужна Србија“.