ЕЛТА затвора 204 поштенски филијали низ Грција – реакции од опозицијата и локалните заедници

4

Грчките пошти (ЕЛТА) од понеделник ќе прекинат со работа во 204 свои филијали низ целата земја, во рамки на планот за „рационализација на мрежата“, соопштија од компанијата.

Од ЕЛТА објаснуваат дека мерката е дел од стратегијата за обезбедување долгорочна одржливост на националниот поштенски оператор, кој во иднина ќе се насочи кон модерни услуги, дигитална трансформација и подобри услови за вработените и клиентите.

Во соопштението се наведува дека затворањето ги опфаќа филијалите со минимална трговска активност, чиј обем на трансакции „учествува со помалку од 10 проценти во вкупните приходи, но предизвикува над 50 проценти од оперативните расходи на компанијата“.

Реакции во јавноста

Одлуката за затворање предизвика остри реакции од опозициските партии и дел од општините, особено во помалите и рурални средини, каде поштенските служби често се единствената достапна јавна услуга.

Министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис, коментирајќи ги реакциите, изјави дека при донесувањето на вакви одлуки мора да се земат предвид сите фактори. Тој потсети дека Владата „значително ја поддржала компанијата финансиски, со зголемување на акционерскиот капитал за над 250 милиони евра.“

Makedonski