Утре втор круг од локалните избори – денес гласаат болните, изнемоштените и затворениците

4

Утре во земјата ќе се одржи вториот круг од локалните избори 2025, на кој граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Гласањето ќе се спроведе и на три избирачки места во општина Шуто Оризари, каде што ќе се избираат советници.

Право на глас во вториот круг имаат вкупно 1.013.375 граѓани.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), денеска традиционално своето право на глас го остваруваат болни и изнемоштени лица, како и затвореници и лица во домашен притвор од општините каде се одржува изборот за градоначалници. Вкупно 4.826 граѓани побарале и добиле одобрение да гласаат на овој начин, преку Општинските изборни комисии.

Изборната кампања заврши синоќа на полноќ, а предизборниот молк ќе трае до завршувањето на гласањето утре во 19 часот.

Гласањето ќе започне утре во 7:00 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.

Процесот на изборите ќе го следат вкупно 1.598 набљудувачи, од кои 933 се странски, а 651 меѓународен набљудувач.

Makedonski